Барселона подолг период без Педри и Де Јонг

од Vladimir Zorba
370 прегледи

Барселона ќе биде без Френки де Јонг околу три до четири недели, а Педри ќе закрепнува околу пет до шест недели. Тоа го соопшти „АС“ во позадина на официјалните информации од клубот за повредите на двајцата. Играчите од средниот ред се повредија на последниот натпревар на шампионот против Атлетик Билбао во неделата вечерта.

Прегледите покажаа дека Де Јонг има истегнување на десниот зглоб, а Педри повреда на десниот квадрицепс мускул. Прес-службата на Барса не прецизираше период за лекување.

Извесно е дека двајцата го пропуштаат важниот реванш против Наполи (1:1 во првата средба) од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, кој е на 12 март во каталонската престолнина.

Инаку, следните натпревари на Барселона се против Мајорка (8 март), Атлетико Мадрид (17 март) и Лас Палмас (30 март).

Слични содржини