Белгискиот премиер Барт де Вевер денес пред белгискиот парламент изјави дека предлозите на ЕУ за тоа како да се финансира Украина во 2026 и 2027 година за да ѝ се помогне во борбата против руската агресија сè уште се менуваат.
Тој повтори дека Белгија соработува во рамките на НАТО, Европската Унија и таканаречената „Коалиција на волните“ со цел да се зголеми поддршката за Украина, објави Ројтерс.
Со одобрувањето на помошта за Украина, лидерите на ЕУ сакаат да ја демонстрираат силата на европските земји откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека ЕУ е слаба.