Бас си замина кај својот сопственик Тоше Проески

од Берта Китинска
566 прегледи

Скоро 14 години поминаа од смртта на Тоше Проески, денеска  неговото куче Бас си замина на небото.

Златниот ретривер  имал само шест месеци, кога Проески загина во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Според изјавите на роднините во тоа време Бас тешко ја поднел смртта на Тоше.

“Првите неколку дена по трагичниот настан кучето тагуваше. Само седеше во дворот и не сакаше да јаде ниту да пие вода. Но сега е веќе подобро. Го шета Кристијан, внукот на Тоше и уште двајца негови братучеди”, изјавиле роднините на семејството Проески.

Слични содржини