БАША ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО АЛБАНИЈА: „Верувам дека процесот на броење гласови ќе заврши со трпеливост“

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, вечерва прогласи победа на опозицијата на парламентарните избори во Албанија, само два часа по завршувањето на процесот на гласање.

„Победата е јасна! Им благодарам на сите граѓани кои гласаа за победата“, рече Баша, пренесе албански „Daily News“.

Тој посочил дека е убеден дека граѓаните масовно гласале за „Алијансата за промена“ и дека „на крајот, Албанија ќе победи“.

„Верувам дека комесарите ќе го завршат процесот на броење (гласови) со трпеливост, врз основа на законот“, нагласи Баша.

Слични содржини