Баталјон Азов: Ослободители на Украина под команда на Владата или озлогласени неонацисти?

од Nikola Popovski
391 прегледи

Украинскиот град Мариупол е под постојани напади на руските сили, а досега успеваше да се спротивстави на уништувањето, главно благодарение на националистичкиот баталјон Азов, кој се состои од околу 800 доброволци.

Баталјонот Азов беше формиран за да се спротивстави на сепаратистите поддржани од Русија кои ги окупираа териториите на источна Украина во 2014 година.

Овој баталјон го добил името по Азовското Море, на чиј брег се наоѓа градот Мариупол, кој е под силни напади на руските сили од почетокот на инвазијата на Украина, пишува Би-би-си.

За Украинците, бранителите на овој баталјон се херои кои се борат против многу побројните руски освојувачи и ги губат животите во напади во кои беа убиени над 2.000 цивили, а речиси 90 отсто од становите во Мариупол беа оштетени.

Од друга страна, за Русија тие се неонацисти и нивното потекло лежи во неонацистичката група наречена Патриоти на Украина. Тие ги носат паганските ознаки на Волфсангел, кои ги користеле озлогласените нацистички СС единици и ги фаворизирале неонацистите.

Раководството на баталјонот Азов се сменило со текот на времето, а старите, екстремистички водачи на Азовските доброволци исчезнале и баталјонот станал дел од Националната гарда на Украина, под формален надзор и владина команда.

Украина во последните години се пресметува со неонацистите и оттогаш нема националистички партии во парламентот.

Баталјонот Азов е единствен затоа што привлекува широка мешавина на националисти, ултранационалисти и други млади луѓе кои негуваат еднаква одбивност кон Русија.

Половина од членовите на овој баталјон доаѓаат од исток, а голем дел од нив зборуваат на руски јазик.

Слични содржини