Аргентинецот Габриел Омар Батистута, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, дошол во посета на Белград каде ќе помине неколку дена.
Батистута ручал со легендата на српскиот фудбал Душан Савиќ, а со нив на маса бил и познатиот турбо фолк-пејач Аца Лукас, објавија српските медкуми.

E-Stock/Časlav Vukojičić
Според планот, Батистута по ручекот требало да го посети стадионот на Црвена звезда.
Батистута во својата кариера покрај за Рома и Фиорентина, настапуваше и за Њуелс Олд Бојс, Ривер Плата, Боку Јуниорс, Интер и Ал Араби, додека за аргентинската репрезентација постигна 56 гола на 78 натпревари.
Со Рома ја освои титулата во Серија А, додека во 1999 година ФИФА го прогласи за најдобар играч во светот.
Фото: E-Stock/Časlav Vukojičić