Батлерот на Дијана го покажа нејзиното писмо: На децата ќе им треба сила

402 прегледи

Пол Бурел (61), поранешен батлер на принцезата Дијана на својот профил на социјалните мрежи споделил фотографија од писмо кое го напишала принцезата Дијана. Тој истакнал дека низ писмото таа ја покажала љубовта кон свите синови но исто така и тагата бидејќи претчувствувала дека ќе им биде тешко да бидат членови на британското кралско семејство.

– Додека Хари, Меган и Арчи започнуваат да градат нов живот, се сетив на зборовите кои принцезата Дијана ги напиша пред многу години. Тоа се зборови на безуслвна љубов која денес и тоа како се прикладни, иако таа ги напишала пред повеќе од 24 години – напишал батлерот под фотографијата.

https://www.instagram.com/p/B7yDcEVj9C-/

Во писмото Дијана предвидела дека на нејзините синови ќе им се случи нешто односно дека ќе им треба огромна сила за сите предизвици.

„Ги сакам своите момци до смрт и се надевам дека семето кое го посадив и понатаму ќе расте и ќе им донесе сила, знаење и стабилност“, пишувало во писмото.

Во морето на оние кои ја критикувале и тврделе дека го уништуваат угледот на британското кралско семејство, Бурел беше еден од оние кои ги поддржа Меган и Хари и нивнита одлука за отстапување од кралските должности.

View this post on Instagram

My thoughts have been with Meghan and Harry this week as they take a huge step into a new life. I have also been thinking of Princess Diana and wondering what she would have thought. In my heart I know that she would want Harry and Meghan to be happy above all else. Yesterday I found a letter which the Princess wrote to me so many years ago and one line jumped out from the page. In her hand she wrote…. “I would look up and laugh and love and live”. I feel they are appropriate words to wish Meghan, Harry and Archie every possible happiness in Canada and beyond. #sussexroyal #englishheritage #harryandmeghan #dukeandduchessofsussex #princessdiana #princessdianaforever #ladydi #ladydiana #dianaprincessofwales #herroyalhighness #princeharry #princeharryandmeghan #cambridge #sussex #princewilliam #princeharryofwales #meghanmarkle #meghanmarklestyle #royalfamily #kensingtonroyal #kensingtonroyals #kensingtonpalace #archieharrison #archieharrisonmountbattenwindsor #buckinghampalace #dukeofsussex #duchessofsussex #megxit @kensingtonroyal

A post shared by Paul Burrell RVM (@officialpaulburrell) on

– Моите мисли се со Меган и Хари додека го прават овој огромен чекор во новиот живот. Исто така размислував и за принцезата Дијана и што таа би мислела за сето ова. Во своето срце знам дека би сакала Хари и Меган да бидат среќни, пред се – напишал поранешниот батлер на Инстаграм.

Слични содржини