242
Американскиот претседател Џозеф Бајден пред меѓуизборите изјави дека „дојде време да се брани демократијата“.
„Ние длабоко во себе знаеме дека нашата демократија е загрозена“, им рече Бајден на гласачите на митингот на Универзитетот во Мериленд.
„Моќта на Америка е онаму каде што отсекогаш била: во ваши раце, во рацете на народот“, им порача американскиот претседател на гласачите.
Американските граѓани денеска го избираат целиот долен дом и дел од членовите на горниот дом на Конгресот.
Клучното прашање е дали владејачката Демократска партија ќе може да го задржи мнозинството, што би му овозможило на претседателот Бајден непречено да ја спроведува својата агенда.