363
Бебе старо само три недели почина на Косово од последиците од корона вирусот.
Како што изјави директорот на приштинската клиника за медиумите на албански јазик, бебето не е родено со корона вирус, туку било донесено на клиниката во тешка состојба. Утврдено е дека целото семејство се разболело од ковид -19.
Инаку, во последните недели во Косово, бројот на пациенти и смртни случаи од последиците од корона вирусот се зголемува, од кои 101 лице почина во првите четири дена од септември, вклучително и четири бремени жени помлади од 40 години.