14-месечно дете почина во прегреан автомобил откако татко му заборавил да го однесе во градинка.
Таткото заборавил да го однесе четиринаесетмесечното бебе во градинка и го оставил во автомобилот, а потоа тргнал на работа. Детето починало во автомобилот, најверојатно од задушување и дехидрација, пренесува хрватски „Дневник“.
Покрената е истрага откако во средата попладне детето било пронајдено мртво на паркингот на аеронаутичката компанија Сафран во Бордес, југозападна Франција.
Мајката на детето прво ги алармирала итните служби откако сфатила дека нејзиното дете не е во градинка.
Брзата помош пристигнала на местото на паркингот околу 17 часот, но безуспешно се обиделе да го реанимираат детето.
„Никој не слушнал ни најмал шум, ниту некаква вреда“, изјавил тамошниот јавен обвинител, пренесува „Дејли мејл“.