Бебе Реџа, пејачка со албанско потекло, беше удрена со телефон во главата на концерт во Њујорк.
По овој инцидент, настапот веднаш беше прекинат, а пејачката била хоспитализирана.
Бебе Реџа се здобила со повреди во пределот на левото око, за што биле потребни конци.
Популарната пејачка се огласи преку својот Инстаграм профил, каде објави фотографии од повредата и кратко порача:
„Добро сум“.
Да потсетиме, Бебе Реџа се движеше кон публиката симулирајќи со рацете двоглав орел, симболот на Голема Албанија, по што некој од публиката ја удри со телефон. Пејачката по ударот падна на подот, а потоа концертот беше прекинат и таа добила лекарска помош.
Њујоршките власти потврдија за „Дејли мејл“ дека Николас Малванија од Њу Џерси е уапсен и обвинет за овој напад на пејачката.