Бебиња победија вештачка интелигенција

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Откако ChatGPT беше претставен во јавноста, се појавија многу струи и мислења – од оние кои се ентузијасти, загрижени до оние на чело со Елон Маск кој тврди дека вештачката интелигенција веќе ја победила човечката раса. Како и да е, сега се покажа дека вештачката интелигенција не е семоќна и дека малите деца се подобри од неа – во откривањето на мотивите на другите луѓе да прават одредени дејствија.

Резултатите од истражувањето ги истакнуваат фундаменталните разлики помеѓу човечкото сознание и пресметките, ги посочуваат недостатоците што постојат во денешните технологии и покажуваат каде се потребни подобрувања со цел вештачката интелигенција поцелосно да го реплицира човечкото однесување.

„Возрасните, па дури и доенчињата лесно можат да направат сигурни заклучоци за тоа што ги поттикнува постапките на другите. Ова е тешка задача за постоечката вештачка интелигенција“, рече Моира Дилон, која учествуваше во истражувањето.

Компаниите кои развиваат вештачка интелигенција, особено оние кои имаат амбиции да развијат нешто како човечката интелигенција, ќе мора да најдат начин да развијат вештачки мислители кои ќе ја имаат флексибилноста и здравиот разум на луѓето. Ова значи дека машините треба да се потпрат на истите основни способности за откривање на целите, мотивациите и преференциите на луѓето што ги поседуваат малите деца.

Слични содржини