153
Тешка сообраќајна несреќа се случила во четвртокот околу 7 часот во местото Брнаже кај хрватскиот град Сињ. Четири лица загинаа при излетување на патничко возило од коловозот, кое потоа удрило во ѕид. Останатите лица кои се наоѓале во возилото, кое било со камп приколка, се пренесени во болница.
„Според првите информации загинатите најверојатно се мигранти“, информираат од сплитско-далматинската полиција.
Сообраќајната несреќа се случила по полициска потера од Триљ до Брназ, каде патнички автомобил со унгарска регистрација поради пребрзо возење удрил во ѕид од семејна куќа, објавија хрватските медиуми.