Бејли: Политичката се претвора во безбедносна криза- потребни се оставки!

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Не сакам да шпекулирам дали политичката криза се претвора во безбедносна, но мислам дека е важно да ги пофалам смирените ракции на луѓето, изјави американскиот амбасадор, Џес Бејли, во емисијата „Топ Тема“ на  Телма

atanas-bejli

-Дали американската администрација сега е вклучена во помагање на решавњето на македонската политичка криза? 

-Мислам дека отсекогаш сме биле загрижени за ова. Ако се навратите на нашите изјави откако почнаа обелоденувањата, ќе видите дека загриженоста не е од денес. Мислам дека нашата загриженост расте. Гледајќи на кризава, тоа е целта скоро на сите Македонци кои ги сретнав, без разлика на партија, на етничка и религиска припадност. Така му приоѓаме на проблемот. Загрижени сме, бидејќи кризава има два загрижувачки аспекти: обелоденувањата и како тоа се дошло до разговорите и на што укажува нивната содржина, на некои загрижувачки состојби на македонските институции.

На прашањето дали може да се очекува директна вклученост на некој американски дипломат како олеснувач или преговарач, амбасадорот Бејли одговори дека  САД е во контакт со ЕУ и дека заеднички разговараат за пристапот кон проблемите.  Мислам дека овие прашања се сериозни и мора да проверат, вели американскиот амбасадор во интервјуто за Телма