Бејта: Таравари ја загрозува животната средина во Гостивар

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Кандидатот за градоначалник од редовите на ДУИ, Невзат Бејта го обвини неговиот противкандидат дека не води грижа за животната средина на подрачјето на општина Гостивар.

На прес конференција во месноста Рудина на локалниот пат Чегране-Корита тој покажа документ, со кој како што кажа се открива скандал со кој се докажува корупција во локалната самоуправа.

Според него, документот излегол на виделина по вчерашната контрола на инспекторите на Министерството за екологија.

-Таравари како надлежен орган не само што не ја исчисти оваа депонија, уште полошо, тој и неговите луѓе очигледно имаат и материјална корист од овој криминал на животната средина. Имаме, уплатници, издадени од месната заедница Чегране, кои докажуваат дека жителите им се наплаќа надомест за фрлање отпад во оваа дива депонија. Ова не е само злосторство против животната средина, овој случај покажува силни докази за корупција. Бидејќи имам долгогодишно искуство како градоначалник, едно знам сигурно: Нема никаов начин, како да ги внесете овие такси во службеното сметководство на општината, рече Бејта.

Тој побара од Таравари јавно да одговори: Зоошто не е исчистена дивата депонија близу Чегране, зошто се земани пари од граѓаните за да
фрлаат отпад на дива депонија, зошто таа е поефтина од депонирање на отпадот на регуларно место, каде одат тие пари?

Бејта ги повика надлежните институции да го расветлат овој случај и вети дека веднаш по преземањето на функцијата градоначалник, ќе ги
исчисти сите дивимдепонии на територијата на општина и ќе ја направи Русино депонија според европски стандарди.

Слични содржини