Бекам чекаше повеќе од 12 часа за да ѝ оддаде почит на кралицата Елизабета (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
292 прегледи

Поранешниот капитен на Англија Дејвид Бекам чекаше повеќе од 12 часа за да и оддаде почит на покојната кралица Елизабета во Вестминстерската палата.

„Мислев дека ако дојдам во два часот наутро ќе има помалку гужва, но згрешив“, изјави Бекам за „ITV“ и додаде:

„Тешко е за нацијата, тешко е за сите. Мислам дека сите го чувствуваат тоа и нашите мисли се со кралското семејство“.

Бекам додаде дека бил „преплавен со емоции“ секогаш кога ќе се слушала националната химна пред натпреварот.

„Најзначајниот момент за мене беше кога го доби Орденот на Британската империја. Имав толку среќа што можев да доживеам такви моменти во мојот живот, да можам да и пријдам на кралицата Елизабета“, вели Бекам.

Стотици илјади Британци до понеделник ќе можат да се соберат околу ковчегот на кралицата Елизабета за да му оддадат почит. Кралицата почина во четвртокот на 8 септември на 96-годишна возраст, откако помина повеќе од 70 години на власт.

Слични содржини