Бекам имал незгоден момент со свекрвата поради кампања за долна облека

од Nikola Popovski
72 прегледи

Фудбалската легенда Дејвид Бекам се појави во новата кампања на „Hugo Boss“ на 30-ти јануари, по што речиси сите имаат мислење за новите фотографии.

Иако се ближи до своите 50 години, Бекам и понатаму е еден од најпосакуваните фраери во улога на модел. Поранешниот фудбалер на крајот на јануари на светот му ја покажа својата новата кампања за „Hugo Boss“, а неговите фотографии во долна облека дури и го привлекоа вниманието на неговата свекрва, 73-годишната Џеки Адамс.

Кампањата за долна облека на Дејвид Бекам доведе до непријатен семеен момент, а 49-годишната ѕвезда признала дека неговата свекрва ги зумирала фотографиите и му рекла дека „може да види сè“.

„Си помислив… тогаш не зумирај“, се пошегувал фудбалерот во незгодниот момент што го споделил во изјава за „Deadline“.

Кампањата ја режирале модните фотографи Мерт и Маркус, а Бекам бил фотографиран во два различни пара долна облека.

За да се подготви за снимањето, Бекам признал дека исфрлил од секојдневието добра храна и вино и вредно тренирал 14 недели, иако вежбањето е дел од неговата секојдневна рутина, што често го покажува на социјалните мрежи.

Слични содржини