Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора беше донесен во Вестминстерската палата по поворката која тргна од Бакингемската палата.
Луѓето ширум Велика Британија денеска ѝ оддаваат почит на кралицата Елизабета.
Дејвид Бекам бил забележан како чека во ред во Лондон додека им се придружил на илјадниците луѓе кои чекале да ја видат британската кралица Елизабета.
Редици од луѓе чекаа со часови да се приближат до ковчегот на кралицата, а во ред стоеше и Бекам, по што многумина на социјалните мрежи коментираа дека се воодушевени од неговото однесување.
Според зборовите на присутните, тој купил крофни за себе и за луѓето околу него.
Тој наводно пристигнал во два часот по полноќ и застанал во ред за да ѝ оддаде почит на починатата кралица, пишува „Дејли Мејл“.
Фото: GRAHAM STONE / Avalon / Profimedia