Дискриминација беше кога не можевме да влеземе во дискотека Турист без партнерка, а девојките можеа без партнер !!!, пишува д-р. Нико Беќаровски од Институтот за токсикологија на својот Фејсбук профил навдувајќи неколку причини за дискриминација кои воопшто јавно не се полемизирале и воделе кампањи како за вакцинацијата против ковид 19.
-Дискриминација е кога се прима полуписмен и неспособен на работа само бидејќи е партиски или национално подобен !!! Дискриминација е и кога мора да има 50% жени на листи за избори, без оглед на квалитетот !!!Дискриминаторски е и самиот рамковен договор, ама го здробивте од фалење !!!Дискриминација Ви е самата “демократија” каде 50%+1 одлучуваат како ќе живеат останатите 50% – 1. Ама тоа воопшто не Ви пречи ….., пишува Беќаровски.