468
Почитувани колеги, членови на здравствената комисија, на првиот состанок ревидирајте ја бесмисленоста на одлуката за вистински прележаните од ковид-19 и 45 дена заменете ги со логичните 9-12 месеци, апелира професорот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.
-Тие луѓе веќе поминаа една голгота, имаат имунитет и не ги терајте со сила во прегратките на антиваксерските промотори. Одлуката еден ден по прва доза да се имаат сите права е медицински и епидемиолошки неиздржана и е погрешен начин за стимулација на вакцинацијата! Драги колеги, да останеме тоа што најдобро го знаеме, доктори, а не политиканти, порача д-р Беќаровски.