Бекер ги опиша затворските денови: „Морав да се спријателам со опасни момци…“

од Nikola Popovski
175 прегледи

Поранешниот германски тениски ас Борис Бекер изјави дека морал да се спријатели со „опасни момци“ во затвор за да преживее, ветувајќи дека ќе го добие „петтиот сет од својот живот“.

Во интервју за „5 Live Breakfast“, трикратниот победник на Вимблдон изјавил дека затворот е „вистинска казна“, но дека таму сфатил дека е „борец“, пренесе Дејли Мејл.

Тој одлежа осум месеци затворска казна од две и пол години за криење на имот вреден неколку милиони фунти за да избегне плаќање долгови.

Казната ја отслужи во затворите Вандсворт во Лондон и Хантеркомб во Оксфордшир, а беше ослободен во декември, по што беше депортиран во Германија.

Германецот, кој живееше во Велика Британија од 2012 година, се очекуваше да отслужи половина од казната, но беше ослободен по осум месеци и не му е дозволен влез во Британија до 2024 година.

„Тоа е вистинска казна. Замислено е да биде казна, да бидеме затворени и секој што вели дека затворскиот живот не е тежок, тој лаже. Тоа е особено тежок живот за некој кој доаѓа од каде што доаѓам. Никогаш не сум бил затворен, па беше навистина брутално, многу поинакво искуство од она што го гледате во филмовите или слушате низ приказните“, рече Бекер.

Тој додаде дека бил принуден да се спријателува со „опасни момци“ во затворот за да биде безбеден.

„Затворот е многу опасен. Тоа е незгодно место, секој ден се борите за опстанок“, додал Бекер.

Слични содржини