Беќировиќ: Најголемиот проблем во БиХ не е Додик туку Вучиќ

од Симе Стоиков
218 прегледи

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ денеска изјави дека најголемиот проблем во БиХ не е претседателот на Република Српска, Милорад Додик, туку претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Главниот проблем во БиХ не е Милорад Додик туку Александар Вучиќ. Секогаш кога Додик се враќа од Белград, тој создава проблеми во Босна и Херцеговина“, изјави Беќировиќ на новинарите.

Според него, „последниве недели и месеци локалната, регионалната и светската јавност полека го запознава вистинското лице на Александар Вучиќ“.

„Тој не е миротворец“, изјави Беќировиќ.

Тој смета дека меѓународните претставници „треба да се запрашаат какви инструкции му дава Вучиќ на Додик“.

Слични содржини