Бектеши: До 30 април е пролонгиран рокот за аплицирање за финансиска поддршка

од Andreja Salpe
343 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши во своето гостување на „24 Анализа“ на Телевизија 24 вели дека во текот на утрешниот ден ќе бидат ставени на дневен ред на Седница во Собранието пакетот закони кои произлегуваат од Петтиот сет мерки за поддршка на економијата.

Со оглед на тоа што овие закони беа подолго време блокирани од опозицијата со амандмани, рокот за аплицирање е продолжен.

„Пролонгиран е рокот до 30 април за аплицирање за мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март, а новина е што работодавачите ќе може да аплицираат и за двата месеци наеднаш. Штом ќе бидат изгласани Законите од пратениците и објавени во Службен весник, веднаш ќе стапат на сила со што ќе почне реализација на мерките“ кажа министерот Бектеши.

Исто така, Министерот ги повика сите работници да не потпишуваат бланко откази бидејќи и по блокадата на мерките во Собранието, конечно ќе си ги добијат платите.

Слични содржини