Иднината на Западен Балкан е создавање на заеднички регионален пазар чија цел е посилна економска интерграција на регионот и негова подготовка за големиот внатрешен паазар на Европската унија, беше посочено на средбата на министрите за економија во рамки на заедничкото претседателство на Берлинскиот процес на Република Бугарија и Република Северна Македонија во 2020 година.
Воспоставување на таканаречени зелени коридори за напречено движење на примарните производи и спојување со европските коридори е главен приоритет во насока на подобарување на регионалната економска соработка, сподели министерот за економија, Крешник Бектеши.
Денеска на состанокот заедно со министерот за економија на Бугарија Лачезар Борисов во рамките на заедничкото претседателство на Берлинскиот процес со Република Бугарија и Република Северна Македонија во 2020 година, на кој присуствуваа на претставници од земјите учеснички од ЕУ, претставници од Европската комисија, меѓународни и регионални организации и институции, заклучивме дека заедничка цел на Западен Балкан е зголемена регионална соработка. Ваквиот пристап ќе доведе до зголемена регионална конкурентност што ќе значи бенефит за сите граѓани, додава Бектеши.