Бектеши: Има простор за унапредување на веќе одличната соработка со Швајцарија

од Nikola Popovski
117 прегледи

Министерот за економија, Крешник Бектеши информира дека денеска остварил средба со новоименуваната амбасадорка на Швајцарија во нашата земја, Вероник Улман.

Бектеши ѝ посакал многу успех во вршењето на новата должност и се заблагодарил за досегашната поддршка која што ја добива Република Северна Македонија од швајцарската Влада.

-За време на состанокот разговараавме за нашите активностите што ги превземавме за поддршка на граѓаните за време на кризата, како и мерките за справување со енергетската криза која што ја зафати Европа и севтот. Двете земји имаат традиционално одлична соработка, за што и двајцата се согласивме дека има простор за унапредување. Уште еднаш ги потврдивме заедничките заложби за продолжување на комуникацијата во насока на подобрување на економските релации на нашите земји и изнаоѓање на најсоодветни решенија за економски развој, соопшти Бектеши.

Слични содржини