На прес-конференцијата на премиерот Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за економија информираше каква поддршка ќе доделува министерството за економија и на кои лица.
– Министерството за економија и оваа година ќе доделува финансиска поддршка за лица со ниски примања, а воедно оваа програма ќе се прошири со други социјално ранливи категории на лица како што се: корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители кој не се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на надоместок за телесно оштетување, изјави министерот Бектеши.
Тој додаде дека со оваа програма преку намалување на фактури за потрошена електрична енергија во период од цела година, значи за 12 месеци, ќе се овозможи на ранливите потрошувачи на енергија полесно да се справат со енергетската криза особено во зимските месеци кога има зголемена потрошувачка на електричната енергија, рече Бектеши.