Кризата во Украина се одрази силно врз глобалната економија и животниот стандард на милиони граѓани ширум светот, а Северна Македонија не беше исклучена од негативните ефекти на конфликтот.
На само две недели по отпочнувањето на кризата во Украина, Владата на Северна Македонија донесе пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милииони евра со цел олеснување на ценовните притисоци од енергетската криза и растот на цените на храната на светските берзи, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Делфи економскиот форум кој што се одржува во градот Делфи во Република Грција.
На панелот насловен „Како кризата во Украина влијае на економиите во регионот“ министерот Бектеши се осврна на негативните ефекти кои ги предизвика кризата врз македонската економија и брзиот одговор на македонската Влада со цел брзо и ефикасно справување со неминовниот ценовен шок кој што се очекуваше.
Министерот потенцираше дека иако трговската размена на Северна Македонија со Русија е околу 1% од вкупната размена на земјата, а размената со Украина е околу 1,5% што значи дека конфликтот нема директно влијание врз трговскиот баланс, но прелевањето на кризата на европските пазари со кои нашата земја ја остварува најголемата трговска размена има големо влијание врз економијата.
“Многу се важни инвестициите во енергетска диверзификација за да се намали зависноста од рускиот гас. Северна Македонија веќе превзема активности за реализација на вакви проекти, пред се изградбата на интерконекторот за природен гас со Грција. Тоа ќе донесе поголема енергетска стабилност и безбедност во целиот регион. Но, конфликтот во Украина е лекција за Европската унија, а тоа е дека потребна е брза интеграција на Балканот во Унијата за просперитет на целиот регион” кажа Бектеши.
Министерот информираше дека за справување со кризата која се прелеа од Европа, првите мерки во Северна Македонија беа превземени минатото лето кога беше намалено ДДВ на електрична енергија од 18% на 5%, потоа на крајот на 2021 и почетокот на 2022 година беа донесени мерки за поддршка на домашното производство на електрична енергија со директни буџетски средства од 171 милиони евра.
“Потоа донесовме мерки за замрзнување на цените на основните прехранбени производи и следствено на тоа ограничиување на продажните маржи во трговијата. Две недели поотпочнувањето на руско-украинската криза, излегувамесо пакет од 26 мерки, кои имаат за цел да го заштитатстандардот на граѓаните и да ја поддржат економијата. Вредноста на најновиот пакет-мерки е проценет наоколу 400 милиони евра, но доколку се земат предвиди претходните мерки што ги спроведе Владатаминатата година и на почетокот на оваа година, суматашто досега е издвоена за ублажување на ценовните шокови кон граѓаните е 615 милиони евра“ кажа министерот.
Во антикризните мерки кои што ги превземавме, како што потенцираше Бектеши има даночни мерки, финансиска поддршка на ранливите категории, административни ограничувања со кои ќе се влијае врз цените и мерки за штедење енергија.
“Со спроведување на овие мерки ќе се амортизира порастот на цените на храната и горивата, ќе се поддржат фирмите а воедно ќе се влијае и за поголема енергетска ефикасност“ кажа Бектеши.
Министерот кажа дека Владата е во редовна комуникација со соседните земји на Балканот поради поврзаноста на економиите со цел координација на политиките кои се превземаат за справување со кризата во делот за обезбедување на основните прехранбени производи.
На крај Бектеши посочи дека и покрај очекувањата за стабилизација на економијата по превземените мерки од страна на Владата, сепак неизвесноста во наредниот период останува.
„И понатаму ќе следиме будно како се движат настаните, и со целосна координација со сите засегнати страни и понатаму ќе превземаме мерки со цел да се избегнат поголеми ценовни шокови“ потенцираше Бектеши.
На панелот министерот Бектеши за влијанието на украинската криза во регионот дебатираше со Јоанис Смирлис, Генерален секретар за меѓународни економски прашања во Министерство за надворешни работи на Грција, Дејан Шошкиќ, професор на Економски факултет во Универзитет во Белград, а модерираше Топлица Спасојевиќ од Српско здружение на економисти.