Бектеши: Околу 15.000 лица ја загубиле работата за време на Ковид пандемијата

324 прегледи

За време на Ковид пандемијата, во земјава се загубени околу 15.000 работни места, соопшти денес министерот за економија, Крешник Бектеши, посочувајќи на информациите кои доаѓаат од Агенцијата за вработување.

Наспроти неговата колешка Јагода Шахпаска, од минстерството за труд и социјална политика, Бектеши вели дека не верува дека враќањето на дијаспората го зголемува бројот на невработени, ниту досега, како што рече, имал прилика да види такви анализи.

Одговарајќи на новинарско прашање по денешниот потпишан Меморандум за соработка помеѓу СКСЗМ и Министерството за економија, Бектеши посочи:

„Секако дека имало многу наши сограѓани кои биле дел на сивата економија и во време кога се правеше регистрацијата во Агенцијата за вработување ја користеа можноста да се пријават и сега одат да добијат државна помош или гарантирана минимална помош и додатоци. Но, не сум видал такв анализи дека нашите сограѓни кои живеат надвор го зголемуваат бројот на невработени. Од пандемијата во Северна Македонија моментно има невработени околу 15.000 граѓани“.

Слични содржини