Бектеши: Познато е кој ќе биде фокусот во петтиот пакет економски мерки

367 прегледи

Во своето гостување на Тв 21, министерот за економија, Крешник Бектеши посочи кој се ќе биде опфатен со петтиот пакет економски мерки.

Овој пакет, како што вели Бектеши ќе има развојна компонента и нема да биде како претходните, бидејќи како што вели, изминатите пакети биле предвидени за зачувување на работните места, зголемување на ликвидноста на компаниите, и компоненти кои придонесоа за зголемување на конкурентноста на одредени индустриски гранки.

„Развојната компонента ќе биде во насока на тоа компаниите да бидат проактивни, да покажуваат резултати во текот на 2021 година а со тоа секако дека и државата ќе стои позади каде што ќе ги награди на некој начин тие компании кои во нивните извештаи за 2021 ќе имаат позитивни резултати во делот на зголемување на работните места, во исто време и зголемување во делот на приходите“, истакна Бектеши.

Како што вели, веќе е утврдено е и дека ќе продолжи финансиската помош по однос на исплата на плати во приватниот сектор.

„Ќе биде скалезна поддршка од 14.500 до 21.767 денари, но секако ќе има поддршка и за медиумите, тутунарите, директна поддршка за сите граѓани а посебно за тие категории на граѓани кои повеќе имаат потреба и имаат пониски примања. Сите компании кои имаа намалување на приходите од 30 отсто па нагоре беа поддржани со финансиска поддршка за исплата на плати, и со тоа ќе продолжиме“, додаде министерот Бектеши.

Слични содржини