Бектеши за „Еуровиа“: Мицкоски да не шири лажни вести

од Radmila Tasevska
344 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, одговорајќи на новинарски прашања во врска со градежната фирмата „Еуровиа“, му порача на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да не шири лажни вести и да не се занимава со луѓе кои веќе не се живи зашто тоа, напомена, е неетички.

-Не знам детали, вчера се вратив во земјава. Имав прилика да ги гледам вестите и да слушам изјави на одредени политичари. Ние како луѓе кои вршат државни, јавни функции, треба да имаме малку етика, да не зборуваме за покојни лица и да ги земеме како пример нивните роднини или поврзаности. Зборувам за Абдилаќим Адеми. Тоа е неетички и не верувам дека лидер на политичка партија и ние, треба да правиме такви споредби. За изјавата дека секој министер на ДУИ има компании на кои им ги дава тендерите, нема да кажувам имиња зашто има процеси кои се во тек. Би ги прашал Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како можат нивни претходни министри денеска да бидат сведоци на странски компании во судски постапки против државата што тие ја претставувале. Нема да помине многу, ќе ги кажеме и имињата, само да завршат судските процедури. Ако зборуваме за компании, министер од ВМРО-ДПМНЕ денеска е сведок против својата држава и е сведок зашто кога бил министер веднаш добил акции и се вработил во менаџментот на таа компанија со која денеска сме во судски спор. За тоа да одговара Мицкоски, а не да шири лажни вести. Посебно би му препорачал да не се занимава со луѓе кои веќе не се меѓу нас, рече Бектеши.

Тој ги упати новинарите за компанијата „Еуровиа“ да се обратите во МНР.

-За компанијата ќе се обратите во МНР каде ќе ви ги објаснат сите поцедури, истакна министерот.

Градежната фирмата „Еуровиа“ од Желино го доби тендерот за преадаптација на салата „Борис Трајковски“, вреден 1,8 милиони евра. МНР тврди дека нема ништо спорно во тендерот, дека оваа фирма дала најевитна понуда и, како што соопшти вчера, дека е шпекулација дека имало некакво политичкото влијание при доделувањето на тендерот.

Слични содржини