270
Министерот за економија, Крешник Бектеши објави фотографија на социјалните мрежи, покажувајќи како го поминува денот недела.
Министерот напиша дека со недела неработен ден, 92% од вработените имаат слободно време да поминат со своите семејства.
-8% од вработените кои се ангажирани во недела имаат поголеми дневници за 50-100%. Трудот на работниците мора да се почитува и соодветно да се вреднува. Секој работник има право на одмор и неделата да ја помине со семејството. Семејството пред се!, објави Бектеши.
Со 62 гласа „за“ и ниту еден против пратениците во Собранието во декември минатата година го усвоија Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи со што недела стана неработен ден.