Бектеши: За плус 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

од Radmila Tasevska
240 прегледи

Откупната цена на тутунот од прва класа “ароматичен“ тутун од реколтата за 2023 година ќе биде повисока за дополнителни  35 денари, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Оваа одлука по мислење на Министерството за економија беше усвоена на денешната седница на Владата.

Со оваа одлука се одобрува барањето на Тутунски комбинат АД Прилеп за зголемување за 35 денари на откупната цена на тутунот прва класа „ароматичен“ тутун од реколтата за 2023 година да им се исплати на тутунарите.

“Носиме одлуки во интерес на тутунарите“, напиша министерот Бектеши.

 

Слични содржини