Беквалац за 2 месеца ќе заработи 300.000 евра, ќе пее и во Македонија

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Наташа Беквалац само во текот на летото од настапи ќе заработи дури 300.000 евра.

Таа ќе настапува низ Србија, Црна Гора, Република Српска и Македонија, а наесен ги пакува куферите и тргнува на голема американска турнеја.

– Наташа цело лето го поминува работејќи. Сопствениците на клубови се борат да пее токму во нивните локали, бидејќи знаат дека тоа ќе им се исплати. Не им е проблем за вечер да одвојат и 10.000 евра, бидејќи Наташа секогаш прави одлична атмосфера. Ги пее своите најголеми хитови, танцува постојано и има добар контакт со публиката. Има свој бенд, придружни вокали и се гледа дека вложува многу пари во настапите – вели за „Информер“ добро упатен извор и додава дека Беквалац е „распродадена“ во целиот регион:

– Во јуни има неколку свирки во С. Македонија и Србија. И Црногорците ја обожаваат, па во август таа закажа најмногу тезги на крајбрежјето во клубовите во Будва, Херцег Нови, Сутоморе и Бар. На настапите на Ната во нејзините песни најчесто присуствуваат жени, но има и многу мажи кои доаѓаат да ја видат атрактивната пејачка во живо.

Слични содржини