Бел кит залута во реката Сена во северна Франција

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Бел кит залута во реката Сена во северна Франција, соопштија властите, повикувајќи ги луѓето да не му се приближуваат за да не го вознемируваат.

Властите во Нормандија велат дека белите китови, кои вообичаено живеат во арктичките и подарктичките води и заливот Сен Лоран во Квебек, Канада, понекогаш залутуваат во појужните води и можат привремено да преживеат во слатка вода.

Во соопштението се наведува дека властите се обидуваат да ја проценат здравствената состојба на белугата, објави „Ројтерс“.

Смртно болен кит убиец се одвои од своето јато на крајот на мај и исплива неколку десетици милји во Сена. Цицачот умрел природно по неуспешните обиди да се врати назад кон морето, потсетува „Франс 24“.

Еден месец подоцна, во Сена е забележан втор кит долг десет метри.

Реката Сена го поврзува Париз со морето.

Слични содржини