Белиот кит кој со денови е заглавен во реката Сена, далеку од арктичките и подарктичките води каде што живее, денеска ќе биде префрлен во резервоар за солена вода и ќе се испитува неговата состојба.
Минатата недела кит залута во Сена и доплива на половина пат до Париз. Тој бил затворен во пределот за бродови каде што добивал витамини и антибиотици во текот на викендот, но престанал да јаде.
„Денес е голем ден за белиот кит и за сите нас кои се занимаваме со неговото спасување“, изјавиле француските екологисти кои се задолжени за овој необичен случај, пренесува „Танјуг“.
Не е познато зошто китот се оддалечил толку далеку од своето природно живеалиште, а се зголеми загриженоста за неговиот опстанок во потоплите и слатки води на Сена.
Китот ќе биде надгледуван и ќе му се помага за време на престојот во резервоарот за солена вода, а потоа ќе биде пуштен во морето, каде што ќе има поголеми шанси да преживее.