Американскиот претседател Џозеф Бајден на состанокот во понеделник ќе го предупреди својот кинески колега Си Џинпинг дека континуираната трка во вооружување на Северна Кореја ќе доведе до зголемено американско воено присуство во регионот, соопшти денеска Белата куќа.
Според Ројтерс, САД се загрижени што Северна Кореја планира да продолжи да тестира нуклеарна бомба за прв пат од 2017 година и верува дека Кина и Русија имаат капацитет да го убедат Пјонгјанг да не го прави тоа.
Бајден и Си ќе ги имаат првите разговори како претседатели и ќе се сретнат на маргините на самитот на Г-20 во Индонезија следната недела, на островот Бали.