„Нема планови американскиот претседател Џозеф Бајден да го посети украинскиот главен град Киев“, повтори портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на брифингот, цитирана од Ројтерс.
Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен во неделата рече дека Бајден треба да ја посети Украина.
„Мислам дека Бајден, како претседател на САД, треба да дојде овде и да види сè со свои очи“, рече Зеленски.