Вашингтон се надева дека ќе најде „пат напред“ во односите со Русија, изјави портпаролот на Белата куќа Џен Псаки за Си-Ен-Ен.
„Тој (Џо Бајден) не се среќава со претседателот Путин и покрај несогласувањата, туку поради нив … Степенот на конфронтација до кој дојдоа нашите односи не е во наш интерес и сакаме да најдеме начин да одиме напред“, посочи Псаки.
Таа повтори дека САД сакаат стабилни и предвидливи односи со Русија.
Одговарајќи на критиките дека Бајден се среќава со Путин во време на зголемени обвинувања кон Москва од Вашингтон, Псаки истакна дека е важен личниот состанок на шефовите на двете земји.
„Ова ќе биде можност да разговараме за сите прашања, како и за темите на кои можеме да работиме заедно“, рече портпаролката на Белата куќа.
На прашањето за одговорот на САД на „сајбер нападите од Русија“, Псаки додаде дека Вашингтон нема да се откаже од воведување контрамерки против Москва.
Средбата меѓу Путин и Бајден ќе се одржи на 16 јуни во Женева. Кремљ објави дека претседателите имаат намера да разговараат за руско-американските односи, стратешката стабилност, како и борбата против Ковид 19 и решавањето на регионалните конфликти.