Бела куќа: Длабоко жалиме за убиството на тројца заложници од страна на израелските сили

од Radmila Tasevska
246 прегледи

Од Белата куќа денеска изразија длабоко жалање за ненамерното убиство на тројца заложници од армијата на Израел за време на упад во Газа.

-Веста од Израел е срцепарателна и трагична, за убиството на овие заложници во Газа за време на упад на израелските сили. Треба да бидеме внимателни и да не избрзуваме со заклучоци како оваа трагдеија се случила, но тоа е нешто секој најмалку го посакува, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност на Белата куќа.

-Тагуваме со семејствата на убиените кои ја добиваат најлошата вест што едно семејсво може да ја добие, рече тој

Според него, постконфликтна Газа не може да изгледа таква каква што беше на 6 октомври под контрола на Хамас.

-Не знаеме каква ќе биде безбедноста на Газа после конфликтот, но е апсолутно сигурно, и тоа поелоквентно го кажа државниот секретар (Ентони) Блинкен, дека таа нема да изгледа таква каква што беше на 6 октомври под контрола на Хамас. И треба да биде порепрезентативно претставена од луѓето на Палестина, изјави тој.

Рече дека САД и Израел работат со Палестинската автономија и дека за тоа се водат преговори со претседателот Махмуд Абас.

Слични содржини