Поранешната ѕвезда на Disney, актерката Бела Торн (27) отвори профил на OnlyFans во 2020 година и првиот ден заработи милион долари. Нејзината заработка во првата недела од отворањето на нејзиниот профил се проценува на околу два милиони долари. Бела еднаш откри што ја поттикнало да се приклучи на страницата за возрасни.
Излегува дека таа не се придружила на OnlyFans за да се забавува и да заработи добри пари. Имено, како што објаснила, сето тоа било експеримент. Таа, наводно, го отворила профилот за да ја истражи позадината за филмот што требало да го сними со Шон Бејкер (режисер на Anora). Таа сакаla да сними филм за сексуална работничка во современиот свет.
Торн им поставувала на корисниците серија прашања на страницата. Таа сакала да дознае, меѓу другото, зошто користат OnlyFans.
„Го истражувавме ова додека бев на платформата. Бевме заинтересирани за тоа кои се предностите и недостатоците. Што им нуди платформата како оваа на корисниците? Што го поврзува вашиот реален живот со вашиот живот во светот на OnlyFans? Како оваа платформа може да го промени вашиот живот на полошо или на подобро?“ – објасни актерката.
„Колку далеку сте спремни да одите и колку далеку сакате да одите? OnlyFans би можело да ви го промени животот – доколку го сакате тоа, се разбира“, додаде таа.
Интересно е тоа што Торн нема објавено ниту една гола фотографија на OnlyFans. Корисниците се претплатија на нејзиниот профил бидејќи беа убедени дека ќе има повеќе од 18+ содржини. Сепак, Торн изјавила дека никогаш не објавила нешто такво, ниту пак некому му ветила таква содржина. Нејзиниот профил OnlyFans повеќе не е активен.
Во 2020 година, таа тврдеше дека ќе ги искористи парите од OnlyFans за да инвестира во продукциска компанија, да финансира истражување за филм и да донира во добротворни цели. Сепак, нејзиното членство на страницата беше погодено од ограничувањата на трансакциите, а Бејкер подоцна негираше дека разговарале за некој проект.