Белата куќа: Нема американски извидувачки балони над Кина

од Stefanija Kuzmanovska

Нема извидувачки балони над кинескиот воздушен простор, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Тој на тој начин ги негираше тврдењата на Кина дека американските балони на висока височина летале над кинеска територија без дозвола повеќе од 10 пати од почетокот на 2022 година, објави „Ројтерс“.

Неодамна имаше спор меѓу САД и Кина за соборениот кинески балон над територијата на САД.

Слични содржини