Соединетите Американски Држави не сакаат конфликт со Русија и би сакале ситуацијата во Украина да се реши со преговори, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на САД.
– Целите на претседателот беа јасни од самиот почеток… Не сакаме конфликт со Русија. Тоа е под еден, рече Кирби на брифингот.
Како други задачи го спомена зајакнувањето на источното крило на НАТО и помагањето на Украина за да пристапи на преговорите за решавање на конфликтот од најповолна позиција.
– Како да се биде успешен на бојното поле кога оваа војна ќе дојде до решение со преговори. Претседателот е многу заинтересиран да се случи тоа, изјави Кирби.
Тој повтори дека САД не бараат промена на власта во Русија.
– Рускиот народ има право да определи кој го води, додаде портпаролот.