Американскиот претседател Џозеф Бајден има право да реагира на активностите на Русија доколку смета дека тоа е потребно, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
По телефонскиот разговор на Бајден со рускиот претседател Владимир Путин, Белата куќа соопшти дека американскиот лидер му рекол на рускиот претседател дека САД имаат намера да реагираат решително на штетните и опасни активности на Русија и дека ќе ги бранат своите национални интереси од нив.
На прашање на новинарите на денешниот брифинг за „непријателските активности на Русија“, Псаки соопштила дека администрацијата на Бајден истражува такво однесување на Русија, како што се хакерските напади, случајот Навални и „наградите за главите на Американците во Авганистан“.
„Тоа вклучува активности што тие (Русија) ги презедоа, ние сакаме истражувањето да продолжи и да се заврши. Претседателот го задржува правото да одговори на начин на кој смета дека е потребно и кога смета дека е потребно“, велиПсаки.
Русија претходно во неколку наврати негираше дека на кој било начин е одговорна за сите овие прашања.