Белата куќа алармира: Сирија се подготвува за нов хемиски напад

од desk3

Белата куќа соопшти дека Сирија се подготвува да изврши нов хемиски напад и предупреди дека сирискиот претседател Башар Асад ќе  плати, “тешка цена”, ако тоа го направи, пренесе “Ројтерс”. Вашингтон е загрижен од потенцијална подготовка за нов хемиски напад, во кој може да бидат убиени голем број цивили, вклучувајќи и деца, соопшти портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер.

Според него пресретнатите дејствија биле слични со оние пред нападот во април со хемиско оружје во регион, контролиран од бунтовниците, при што беа убиени 70 лица.

“САД пресретна потенцијална подготовка за нов хемиски напад од режимот на Асад, кој најверојатно ќе заврши со масовно убиство на цивили, вклучувајќи невини деца”, изјави портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер “Ако Асад изврши уште една напад со масовно убиство со користење на хемиско оружје, тој и неговата армија ќе платат висока цена”, додаде тој. Како одговор американскиот претседател Доналд Трамп нареди да биде изврсшен  воздушен напад против сириска воена база.

 

Слични содржини