Белата куќа: Бајден ќе прими трета доза од вакцината против Ковид-19

од Nikola Popovski
266 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе ја прими третата доза од вакцината против Ковид-19, но ќе почека додека не се достапни доволно вакцини, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

На 21 декември минатата година, Бајден ја прими втората доза од вакцината и ги повика Американците да го сторат истото.

Чинот беше пренесуван во живо на телевизија, со цел да се убеди американската јавност дека вакцинацијата е безбедна.

Тој ја прими првата доза од вакцината „Фајзер“ во болница, недалеку од неговиот дом во државата Делавер.

Слични содржини