Белата куќа бара од Кина да ја осуди руската инвазија

од Nikola Popovski
336 прегледи

Белата куќа денеска ја повика Кина да ја осуди руската инвазија на Украина, бидејќи нападот на Москва врз соседот продолжува, а рускиот претседател Владимир Путин ги стави нуклеарните сили во состојба на специјална борбена готовност.

„Ова не е време да се стои настрана. Ова е време да бидеме гласни и да ги осудиме постапките на претседателот Путин и Русија, кои извршија инвазија на суверена земја“, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во интервју за MSNBC, пренесе Ројтерс.

Кина, заедно со Индија и Обединетите Арапски Емирати, беа воздржани кога во саботата беше изгласана нацрт-резолуцијата, со која се повикува Советот за безбедност на ОН итно да ја прекине офанзивата во Украина.

Пекинг, исто така, претходно го критикуваше Западот за воведувањето нови санкции кон Русија.

Осудата дојде откако Русија им нареди на војниците да влезат во самопрогласените Доњецката (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР).

Во последниве недели, Кина ги обвини САД и нивните западни сојузници за „развивање“ на кризата, а портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг претходно изјави дека САД „долеваат масло на огнот“.

Слични содржини