Белата куќа: Нападот на Русија врз Украина најверојатно ќе започне од воздух

од Nikola Popovski

Русија сега има доволно сили за да изврши голема воена операција против Украина, а нападот може да започне „во секое време“, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, цитиран од Ројтерс.

Саливан, кој зборуваше на брифинг во Белата куќа без да даде конкретни докази, рече дека сите Американци кои се уште се во Украина мора да заминат во следните 24-48 часа бидејќи рускиот воздушен напад ќе им го отежне заминувањето.

Советникот нагласи дека американското разузнавање верува дека рускиот претседател Владимир Путин може да нареди инвазија пред крајот на Зимските олимписки игри во Пекинг и дека е можен многу брз напад на украинската престолнина Киев.

Саливан зборуваше на брифингот откако американскиот претседател Џо Бајден одржа видео разговор на безбедна линија со трансатлантските лидери и побара сојузничко единство во услови на влошени услови.

-Останува нејасно, рече Саливан, дали Путин ја дал конечната наредба да започне инвазија.

Саливан информира дека очекува Бајден да разговара со Путин по телефон за кризата.

Слични содржини