Белата куќа објави колку заработил Бајден во 2020 година

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил минатата година заработиле 607.336 американски долари, објави Белата куќа.

Даночниот извештај покажува дека Бајден платил 157,414 долари годишни даноци со стапка од 25,9 проценти и дека тие дале 30.704 долари во добротворни цели, пренесе CNBC.

Семејството Бајден има имот вреден помеѓу 1,2 и 2,88 милиони долари, според даночниот извештај за 2020 година.

Изборната година му донесе значителен пад на приходот на новиот американски претседател за дури 300.000 долари во споредба со 2019 година, бидејќи не можеше да држи предавања поради кампањата, на кои заработуваше големи пари. Во 2019 година, Бајден пријави приход од 944.737 американски долари, од кои плати данок со стапка од 31 процент, што изнесуваше 299.346 американски долари.

Ако погледнете уште подалеку во историјата, падот на заработката на Бајден е уште поголема. Во 2017 година, приходот на Бајден беше повеќе од 11 милиони долари, додека во 2018 година беше 4,5 милиони, пред се како заработка од продажба на книги што ги објавија.

Бајден ќе добие плата од 400.000 долари во Белата куќа, но ќе има и други приходи, како што се авторски права на книги или камати.

Белата куќа објави и извештај за заработката на потпретседателот Камала Харис. Таа и нејзиниот сопруг Даг Емхоф пријавиле приход од 1.695.225 американски долари. Од тоа, тие платиле федерален данок по стапка од 36,7 проценти, што изнесува 621 893 долари.