Соединетите Американски Држави сметаат дека посетата на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси на Тајван не претставува кршење на суверенитетот на Кина, изјави денеска координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.
„Не веруваме дека оваа посета е кршење на суверенитетот“, изјави Кирби за Си-Ен-Ен.