277
Белата куќа соопшти дека е „ужасно“ тоа што руски функционер сугерирал дека Американците заробени во Украина може да добијат смртна казна.
„Ужасно е функционер во Русија да предложи смртна казна за американските граѓани… во Украина“, изјави Џон Кирби, портпарол на Белата куќа.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека заробените американски државјани се предмет на судски одлуки и не ја отфрли можноста тие да бидат осудени на смрт.